Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Хирурзи во САД успешно пресадиле срца од свиња кај двајца мозочно мртви пациенти

300x250 opst2

Хирурзи во американскиот универзитет Њу Јорк успешно пресадиле генетски модифицирано свинско срце кај двајца пациенти кои биле мозочно мртви, пренесува „Ројтерс“.

dobivaj vesti na viber

Научниците така дојдоа чекор поблиску до долгорочната цел на користење на свинските органи како би се решил проблемот од недостаток на човечки органи за трансплантација.

Хирурзите навеле дека срцата функционирале нормално, без знаци на отфрлање од организмот. Универзитетот набавил свински срца од животни кои имале четири генетски модификации за спречување на отфрлање на органот и шест за спречување на некомпатибилност меѓу свињите и луѓето.

Минатата година беа трансплантирани свински бубрези кај двајца мозочно мртви пациенти. Засега се верува дека ксенотрансплантацијата е сигурна на приматели на орган кои имаат мозочна смрт.

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот