Утрински Весник
Спорт

Химки се распаѓа – Клубот на играчите им должи 3,3 милиони евра

Химки се распаѓа – Клубот на играчите им должи 3,3 милиони евра

Кошаркарскиот клуб Химки се наоѓа во тешка финансиска ситуација. Играчите три месеци не примиле плати, а долгот изнесува 3,3 милиони евра.

Химки има само три победи сезонава во Евролигата, а на тимот не му оди ниту во регионалната ВТБ лига.

Играчите три месеци не примиле плати, поради што Јонас Јеребко, Грег Монро и Даирис Бертранс веќе го напуштија клубот, Стефан Јовиќ и Девин Букер побарале да ги раскинат договорите, а се очекува дека тимот ќе го напуштат и Џордан Мики, Ерик Мекалум и Јанис Тима.

Извесно е дека клубот сезоната ќе ја заврши само со домашни играчи.

Проради неисплатените плати, Евролигата пред еден месец на Химки му забрани трансфери.

> Химки се распаѓа – Клубот на играчите им должи 3,3 милиони евра <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Нигерија поуспешна од Египет по изведувањето пенали во дуелот за третото место

Хрватска се намачи за да ја совлада Грузија

„Сантијаго Бернабеу“ ги исвирка играчите на Реал Мадрид