Утрински Весник
Магазин

Хејтерските коментари не ја нарушија традицијата! Новата фотографија на принцот Џорџ има над милион лајкови

Хејтерските коментари не ја нарушија традицијата! Новата фотографија на принцот Џорџ има над милион лајкови

Многу фанови на кралското семејство со нетрпение го очекуваа денешниот ден, роденденот на принцот Џорџ, на кој традиционално се објавува негов портрет.

Портретот лесно можеше да биде изоставен оваа година, откако фотографии на малиот принц на трибините на стадионот Вембли станаа мета на хејтери на социјалните мрежи.

Сепак, мајката, Кејт Мидлтон, не ја наруши традицијата, туку го зеде фотоапаратот во раце и направи прекрасна фотографија од нејзиното осумгодишно дете.

Портретот на симпатичното и разиграно момче доаѓа по бројните шпекулации во британските медиуми за тоа како принцот Вилијам и Кејт најверојатно ќе престанат да го изложуваат Џорџ во јавност, сето тоа поради недоличните коментари на фотографијата на принцот Џорџ во костум и кравата на финалето на Европското првенство во фудбал.

Деновиве проструи веста дека годинава ќе недостасува роденденскиот портрет на Џорџ. Сепак, тоа не се случи.

Фотографија на Џорџ со широка насмевка и облечен во опуштена комбинација – шорцеви и поло маичка додека седи на автомобил во природа – беше објавена на официјалниот Инстаграм профил на војводата на Кембриџ уше синоќа.

Фотографијата на малиот Џорџ фатен од објективот на мама Кејт во Норфолк, каде семејството моментално се одмара, заработи повеќе од милион лајкови.

Многумина забележаа како момчето силно наликува на неговиот татко принцот Вилијам. Имаше низа комплименти со честитки: „Изгледа како неговиот татко“, „Многу личи на Вилијам“, „Се повеќе личи на татко му“, „Фотографиите на нејзиното височество никогаш не разочаруваат“, „Војвотката направила прекрасна фотографија“, „Каква насмевка. “” Какво убаво мало момче “…

Најстариот син на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон обожава да биде во природа и медиумите шпекулираат дека роденденската прослава ќе помине во семејни активности на отворено.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста