Хејли Бибер покажа моќ на класична женственост во стилско одело, кога се упати на деловен состанок во Беверли Хилс, Калифорнија, во средата.
24-годишната манекенка облече црн костим на брендот Attico – панталони и сако со истакнати раменици и длабоко деколте. На оваа комбинација ѝ додаде поп-боја со светло зелени сандали од истиот бренд.
Ултра модерниот изглед го дополни со златен ѓердан и црни очила за сонце.
Папараците ја забележаа откако излезе од своето возило, подготвена за деловна средба. Устата и носот ѝ се покриени со црна маска, во екот на пандемијата на Ковид-19.