Утрински Весник
Спорт

Хет-трик на Левендовски, Баерн ја декласира Борусија

Хет-трик на Левендовски, Баерн ја декласира Борусија
Dik 300x250 mk

Баерн Минхен ја декласира Борусија Менхенгладбах со 6:0, за потврда на деветата титула по ред во Бундес лигата. Баерн и пред овој меч ја обезбедија титулата, благодарение на поразот на Лајпциг во Дортмунд.

Баерн до триумфот дојдоа со хет-трик на Роберт Левандовски. Полјакот во досегашниот дел од првенството има постигнато 39 голови, еден му недостига да го израмни апсолутниот рекорд на Герд Милер, а два тој да стане рекордер.

Баерн во првото полувреме постигнаа четири гола, два пати стрелец беше Левандовски, а по еден гол постигнаа Милер и Коман. Во второто полувреме Левандовски го комплетираше хет-трикот, а точка на мечот стави Сане.



> Хет-трик на Левендовски, Баерн ја декласира Борусија <

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс