Утрински Весник
Македонија

Хелсиншки комитет: Пријавување повреда на избирачко право

Хелсиншки комитет: Пријавување повреда на избирачко право
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Хелсиншкиот комитет за човекови права известува дека во недела, 31 октомври, канцеларијата на Комитетот ќе биде отворена во текот на целиот ден, со цел да им овозможи на граѓаните да пријават повреда на избирачкото право за време на вториот круг од локалните избори.

„Комитетот ги охрабрува сите граѓани кои сметаат дека нивното избирачко право е повредено да го пријават случајот во канцеларијата на Комитетот, која се наоѓа на ул. „Наум Наумовски Борче“ бр. 83 во Скопје и преку телефонските броеви 02 3119 073 и 072 278 436. Покрај личното и телефонското пријавување, овозможена е и пријава преку е-пошта на [email protected] Пријавите преку е-пошта треба да содржат кратко образложение за настанатата повреда, локација (изборна единица и број на гласачко место) и време на настанување на повредата на избирачкото право“, велат од таму.

Граѓаните можат да ги поднесат пријавите наведувајќи ги своите лични податоци или анонимно.

Сите пријави до Комитетот, објаснуваат од оваа институција ќе бидат дополнително истражени со цел да се верификува нивната веродостојност. Тајноста и неповредливоста на личните податоци се загарантирани од страна на Хелсиншкиот комитет и тие нема да бидат објавени без претходна дозвола од страна на граѓаните што ја пријавиле повредата.

Можете да прочитате

СДСМ: Кујните на ВМРО прават дефокус од криминалните тендери!

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста има право да знае колку пари Филипче инвестирал во Дубаи за да добие златна виза

СДСМ прашува: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?