Утрински Весник
Македонија

Хелсиншки комитет: Бремените работнички се посебно заштитени со трудовите закони

ХКЧП: Остра осуда за новинарите и медиумите кои шират сексистички и омаловажувачки говор кон жените

Скопје, 28 февруари 2020 (МИА) – Работничка на која непосредно откако го информирала работодавачот дека е бремена ѝ бил откажан договорот за вработување, побарала правна помош од Хелсиншкиот комитет, по што случајот е пријавен во Државниот инспекторат за труд кој по утврдена повреда го укинал решението за прекин на работниот однос и му наложил на работодавачот да ја врати работничката на работа.

Работодавачот, како што информирата од Хелсиншки комитет, ѝ го врачил отказот на работничката додека таа  била на боледување, со образложение дека неоправдано отсуствувала од работа во претходниот период, што претставува повреда на одредбите на Законот за работни односи, иако за истото таа никогаш претходно не добила никакви предупредувања.

– Случајот е пријавен во Државниот инспекторат за труд кој по спроведениот вонреден инспекциски надзор утврди повреда на Законот за работни односи од страна на работодавачот и дискриминација на работничката. Државниот инспекторат за труд со свое решение го укина решението за прекин на работниот однос на работничката и му наложи на работодавачот да ја врати работничката на работа. Работодавачот постапи по наредбата на Државниот инспекторат на труд и ја врати работничката на нејзиното работно место, информираат од Хелсиншки комитет.

Од Хелсиншкиот комитет, наведуваат дека бремените работнички уживаат посебна заштита со македонското трудово законодавство.

– Работодавачот не смее да и го откаже договорот за вработување на работничката за време на бременост, ниту за време на отсуство заради боледување. Доколку работничката сторила потешки прекршувања на договорните обврски, може да и биде откажан договорот за вработување, само по претходна согласност на синдикатот чиј член е работничката или по добиена согласност од Државниот инспекторат за труд, се вели во соопштението од Хелсиншкиот комитет.

Овие дејствија на работодавачот претставуваат директна дискриминација врз работничката на основа на нејзиниот пол, род и личен статус и се забранети со Законот за работните односи и Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Овој случај, се вели во соопштението до Хелсиншкиот комитет, ја отсликува честата практика на работодавачите да ги дискриминираат жените врз основа на пол, род, лично својство, семејна или брачна состојба и ја потврдува особената ранливост и подложност на дискриминација на бремените жени во областа на вработувањето и работните односи.

– Ваквите случаи дополнително ја акцентираат потребата за усогласување на домашното трудово законодавство со она на Европската унија и со стандардите на Меѓународната организација на трудот, се со цел подобра превенција и заштита од дискриминација на жените во областа на вработувањето и работните односи, стои во соопштението.

Од Хелсиншкиот комитет за човекови права ги повикуваа сите доколку сметаат дека се жртва на дискриминација да го пријават случајот. аа/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор