Утрински Весник
Македонија

Хелсиншкиот комитет: Поддршка за активистот Бленди Ходаи, стоп за омразата која уништува млади животи

Хелсиншкиот комитет: Поддршка за активистот Бленди Ходаи, стоп за омразата која уништува млади животи

Бруталните закани и говорот на омраза упатени кон младиот активист и претседател на Сојузот на средношколци, Бленди Ходаи, се најсвеж пример дека на нашето општество му е неопходно темелно справување со овој феномен, кој има долгорочни разорувачки ефекти во меѓуетничките односи и севкупната општествена кохезија, велат од Хелсиншкиот комитет.

„Во случајот на Бленди Ходаи, кој како претседател на Сојузот на средношколци на РСМ, деновиве е активен во застапувањето на барањата на средношколците околу организирањето на наставата во претстојната учебна година, заканите и навредите засновани на неговата етничка припадност очигледно се користат и за да се омаловажи и нападне неговиот активистички ангажман. И токму поради големиот број прерано згаснати и уништени млади животи поради омраза кон различниот, Ходаи, а и секој млад човек кој свесно и ангажирано учествува во општествениот живот со цел да го подобри и унапреди, треба да добие широка поддршка и заштита“, се наведува во соопштението.

Од Хелсиншкиот комитет наведуваат дека постојано предупредуваат на корелацијата помеѓу говорот на омраза, кој со децении се одржува и потхранува, и од друга страна, случаите на насилство, кои за жал, често завршуваат со фатални последици.

Изминативе години Комитетот регистрира загрижувачка тенденција на раст на делата од омраза во земјава, при што најголемиот дел и од жртвите и од сторителите на вакви дела се млади луѓе. Притоа, најчестиот основ за насилни инциденти помеѓу младите е етничката припадност.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Дали од 29 Ноември Балканот ќе го зафати нов студен и снежен бран?!

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја