Утрински Весник
Свет

Хеликоптери на КФОР надлетуваат над премините на северот на Косово, ситуацијата мирна но напната

Хеликоптери на КФОР надлетуваат над премините на северот на Косово, ситуацијата мирна но напната

Покрај припадниците на „Росу„ ситуацијата на северот на Косово ја следеше КФОР, кој патролираше со хеликоптер, пишуваат регионалните медиуми.

Главните автопати кои водат до премините Јариње и Брњак беа блокирани со тешка механизација што ја поставија незадоволните граѓани во понеделникот наутро, откако специјалните единици на косовската полиција пристигнаа на двата премини со намера да ја спроведат одлуката на косовската влада да ги замени регистарските таблички.

Според натписите на медиумите, наводно, бројот на демонстранти се намалил во текот на ноќта поради ниските температури, но многумина останале околу огнот што го запалиле.

Во меѓувреме, патиштата што водат до Јариње, како и до Брњак, се уште се блокирани со долги редови тешка механизација, поставени од српското население.

Српските медиуми јавуваат дека припадниците на „Росу“ се опремени со блиндирани возила, долги цевки, шок бомби, а ситуацијата е мирна но напната.

Можете да прочитате

Петто тело е пронајдено во реката Сена во текот на август – француската полиција се сомнева дека се работи за жртви на сериски убиец

Турски министер снимен како вози со 225км/час и слуша фолк – го стигна казна (ВИДЕО)

Украина им дозволи на мажите на возраст од 18 до 22 години да ја напуштат земјата за првпат од почетокот на војната