Утрински Весник
Магазин

Хелен Мирен го промовира „Брзи и бесни 9“

Хелен Мирен го промовира „Брзи и бесни 9“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Хелен Мирен во средата го промовираше деветтото продолжение на хит серијалот „Брзи и бесни“ во салонот на Мекларен во Беверли Хилс.

75-годишната британска актерка даде интервју за деветтиот дел од акционата сага додека стоеше пред претставништвото на Мекларен во елегантен розов костум.

Оскаровката ќе ја игра Магдалена „Квини“ Шо во претстојниот деветти дел од акционата сага „Брзи и бесни“.

Хелен претходно го портретираше ликот во осмиот дел во 2017 година, а исто така се појави во специјалното издание Fast & Furious Presents: Hobbs & Shaw во 2019 година, во кое глумат Џејсон Статам и Двејн Џонсон.

Таа првпат ќе биде зад воланот во најновиот, Fast & Furious 9, со скратен оригинален наслов FF9.

Можете да прочитате

Почина познатиот скопјанец Боби Ле Петит

Заштита на домашните миленици од петарди и огномет

Која рака боли непосредно пред срцев удар: Симптоми кои не смеете да ги игнорирате!