Утрински Весник
Спорт

Хајнер: Левандовски ќе остане Баерн

Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер, тврди дека Роберт Левандовски ќе остане во клубот. На овој начин ги демантира медиумите дека Полјакот сигурно ќе го нашушти Минхен.

Левандовски пред неколку дена на собирот на полската репрезентација изјави дека неговата ера во Баерн е завршена. Тоа Полјакот им го повтори на новинарите за време на Формула 1 трката во Монте Карло.

„Левандовски има договор со нас до јуни 2023 година. Договор си е договор. Каде би завршиле кога фудбалерите би можеле по своја волја да ги раскинат договорите? Роберт ме изненади бидејќи излезе во јавноста со тоа. Јас не би го направил тоа на негово место“, изјави Хајнер и продолжи.

„Во одлична финансиска состојба сме. Сакаме во клубот да ги имаме најдобрите играчи во светот, а Роберт е еден од нив. Цврсто сум убеден дека ќе игра за нас следната година. Не се плашам дека нема да даде се од себе на теренот, бидејќи е професионалец“.

Германските медиуми тврдат дека Барселона испратила понуда од 32 милиони евра за полскиот напаѓач, но челниците на Баерн бараат најмалку 40 милиони евра. Проблем може да биде и платата на Левандовски во каталонскиот тим.

> Хајнер: Левандовски ќе остане Баерн <

Можете да прочитате

Нејмар се враќа на фудбалските терени

Пешевски: Се подготовуваме максимално и имаме свои шанси

Македонија во третиот барабан во квалификациите за СП 2026