Утрински Весник
Магазин

Хајди Клум откри дека едната нога ѝ е осигурана на повисока сума од другата

Хајди Клум откри дека едната нога ѝ е осигурана на повисока сума од другата

Германската убавица Хајди Клум, во текот на гостувањето во емисијата на Елен Деџенерис, објасни како едната нога и е осигурана на повисока сума од другата.

48-годишната манекенка, во сегментот наречен „Хајди Бланкинг Клум“, ѝ кажа на Елен дека клиент направил полиса за осигурување од 2 милиони долари на нејзините нозе, а дека едната чини повеќе.

Германскиот супермодел рече дека едната нога ѝ е поскапа од другата, додавајќи дека „чудни се работите што некои луѓе ги прават“.

Судијката на „Америка има талент“ алудираше на претходна несреќа во која ѝ била повредена едната нога.

„Кога бев млада, паднав на срчи стакло и имам голема лузна“, рече Клум, која во емисијата носи розово здолниште и изгледа прекрасно како и секогаш.

„Ставив толку многу спреј тен што не можете да ја видите во моментов,“ се пошегува таа.

Можете да прочитате

„Нетфликс“ се согласи да го купи „Ворнер брос“ за 72 милијарди долари

Магична празнична атмосфера започнува во Дајмонд мол

Тинејџер од Белгија доктор по Квантна физика