Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Хашим Тачи има куќа вредна 350 илјади евра

Хашим Тачи има куќа вредна 350 илјади евра
Img 7972

Косовскиот претседател Хашим Тачи пријавил во Агенцијата за борба против корупција дека поседува две куќи, автомобил, земја и 11.000 евра на сметката.

Според приштинската „Газета експрес“, Тачи поседува земјоделско земјиште, коешто е семејно наследство, чија вредност достигнува 180.000 евра, а кое е во заедничка сопственост, две куќи, од кои едната е наследена од семејството и вредна 80.000 евра, а другата во вредност од 350.000 евра, што тој сè уште не ја отплатил.

Тачи поседува и ауди Q3 вреден до 19. 000 евра, што го поседува заедно со неговата сопруга.
Тој има повеќе од 11.000 евра на сметките во банка, а како што се наведува, Тачи и неговата сопруга минатата година зеле заем од 10.000 евра, со кој купиле автомобил.

Како што се наведува, Тачи има годишен приход од 60.435 евра, од кои 33.509 евра ги добива како претседател.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот

Продолжува спасувачката операција по уривањето на исламско училиште во Индонезија

Путин: Подготвен сум да го поддржам моделот на мир на Трамп за Блискиот Исток