Утрински Весник
Спорт

Хауард: Нема да играме кошарка сè додека не ги решиме нашите проблеми

Хауард: Нема да играме кошарка сè додека не ги решиме нашите проблеми

Лос Анџелес, 14 јуни 2020 (МИА) – Центарот на Лос Анџелес Лејкерс, Двајт Хауард целосно се согласува со Каири Ирвинг и исто така е против рестартирање на сезоната во НБА.

Осумкратниот „Ол стар“ играч изјави дека во моментов има поважни работи од кошарката, насочени кон расната дискриминација и додаде дека тој нема да игра сè додека не се решат проблемите.

– Се согласувам со Каири. Во моментот кошарката не е неопходна, забавата само ќе биде за дефокусирање. Секако, ова не може да ги дефокусира играчите, но имаме ресурси што повеќето во заедницата не можат да си ги дозволат. … Не би сакал ништо друго освен да ја освојам титулата во НБА, но во моментов е поважно да се обединам со мојата заедница.Тоа е поголемата титула, премногу е убаво за да не го следам. Има ли подобро време од сега па натаму да се фокусираме на нашите семејства?, прашува центарот.

Според него, европската колонијализација ги лишила од нивната богата историја и тие допрва треба да седнат и да размислуваат за работите.

– Колку помалку дефокус, толку повеќе време за активности, кои имаат за цел да се откриеме самите себе. Државите потекнуваат од семејствата. Афроамериканците не се нација. Време е нашите семејства да станат свои нации. Ние нема да играме кошарка сè додека не ги решиме нашите проблеми, рече Хауард во изјавата за Си-Ен-Ен.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ѓоковиќ рутински се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри

Француската триатлонка Богран го освои златото на Олимписките игри

Надал и Алкараз се пласираа во четвртфиналето во двојки на олимпискиот тениски турнир