Утрински Весник
Спорт

Хас го покажаа болидот за новата сезона

Хас го покажаа болидот за новата сезона

Тимот на Хас го претстави болидот за новата сезона. Болидот кој ја носи ознаката VF-22 ќе го возат Мик Шумахер и Никита Мазепин.

Американците први го претставија болидот за сезоната 2022. Од оваа сезона ФИА воведе нови регулативи, конструкторите најдоа поедноставно решение за предното крило, измени има на задното крило, нови регулативи има и за гумите на Пирели.

Хас, минатата сезона, настапуваше со болидот од 2020 година и не освои ниту еден поен.

„Ова е период од годината кога сите се оптимисти. Очекувам дека ќе ни се исплати напорната работа и дека сигурно ќе бидеме во конкуренција за освојување на бодови“, рекол сопственикот на тимот, Џин Хас.

Новата сезона во Формула 1 ќе започне на 20.март, со трката за Големата награда на Бахреин.

> Хас го покажаа болидот за новата сезона <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина