Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Хари и Меган ќе продуцираат и водат подкасти за „Спотифај“

Хари и Меган ќе продуцираат и водат подкасти за „Спотифај“
300x250 opst2

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган ќе бидат продуценти и водители на подкасти за стриминг-платформата „Спотифај“, соопшти шведската компанија во вторникот, додавајќи дека ќе започнат со празничен подкаст што ќе биде емитуван овој месец.

Според повеќегодишниот договор, новооснованата компанија на двојката, „Арчивел аудио“, ќе продуцира програма што „ја воздигнува и забавува публиката ширум светот и содржи разновидни перспективи и гласови“, се вели во соопштението на „Спотифај“.

Подкастите ќе бидат достапни бесплатно преку „Спотифај“, една од најпопуларните светски платформи за мрежен аудиопренос.

Компанијата што го предводи пазарот на стриминг музика исто така нуди повеќе од 1.5 милиони подкаст-наслови како што се „The Michelle Obama Podcast“ и „Mama Knows Best“ од инфлуенсерката Адисон Ре, има повеќе од 320 милиони активни корисници месечно.

Финансиските услови на зделката не беа обелоденети.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Тиквата – есенскиот дар што го штити срцето, го јакне имунитетот и го продолжува животот

Овие хороскопски знаци секогаш ја кажуваат вистината

Креативна есен во срцето на Скопје – Есенски базар за поддршка на современите занаетчии