Утрински Весник
Магазин

Харисон Форд повторно како Индијана Џонс во петтото продолжение

Харисон Форд повторно како Индијана Џонс во петтото продолжение

Холивудската ѕвезда Харисон Форд треба да ја повтори својата улога на познатиот авантурист-археолог Индијана Џонс во филмскиот серијал на „Дизни“.

Филмот, во режија на Џејмс Манголд, би требало да биде петто и последно продолжение за 78-годишниот актер како Инди.

„Дизни“ го објави соопштението во виртуелна презентација пред инвеститорите каде ги откри плановите и за филмските фрашизи на „Војна на ѕвездите“ и „Марвел“.

Новиот фил треба да излезе во јули 2022 година.

Филмскиот продуцент Френк Маршал неодамна изјави дека нема намера да го замени актерот во неговата иконска улога.

„Работиме на сценариото“, рече тој, и додаде: „Има само еден Индијана Џонс, а тоа е Харисон Форд.“

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 08 април 2026

Овие хороскопски знаци најмалку се нервираат – и живеат подолго

НАСА објави нови слики од „Далечната страна“ на Месечината