Утрински Весник
Свет

Хаос на аеродромот во Франкфурт. Вработените штрајкуваат,откажани 40 летови

Хаос на аеродромот во Франкфурт. Вработените штрајкуваат,откажани 40 летови
Dik 300x250 mk

Персоналот на аеродромот во Франкфурт стапи во штрајк, поради што во пресрет на божиќните празници беа откажани околу 40 летови.

Барањата на синдикатот се работната недела да се скрати за два и пол на 37 и пол часа, со целосен надоместок на платата, како и стабилно зголемување на платите за најмалку 90 евра од следната година, пишуваат германските медиуми.

Синдикатот побара и бонус од 1.500 евра поради Ковид, но тоа барање беше одбиено.

Штрајкот дојде во време на нерешен колективен спор за условите за работа на 600 вработени на аеродромот.

Луфтханза беше принудена да го затвори својот првокласен терминал во средата поради штрајк.

Можете да прочитате

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина

Германскиот челичен сектор во „егзистенцијална криза“, предупреди Мерц

Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник поради егзекуција на воен заробеник