Утрински Весник
Свет

Хаос во Шри Ланка, премиерот прогласи вонредна состојба во цела земја

Премиерот на Шри Ланка, Ранил Викремесинге, прогласи вонредна состојба во цела Шри Ланка, а полициски час е воведен во западниот дел на земјата. Илјадници луѓе протестираат, а полицијата употреби солзавец врз дел од демонстрантите.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Готабаја Рајапакса побегна од земјата рано утринава, објави Асошиејтед прес, цитирајќи неименуван претставник за миграција.

Семејството Рајапакса, вклучително и поранешниот премиер Махинда Рајапакса, со години доминира во политиката на 22-милионската земја и повеќето жители на Шри Ланка ги обвинуваат за актуелните проблеми.

Можете да прочитате

Чешките власти поднесоа обвинение против 32 лица за местење фудбалски натпревари

20.000 морнари се заглавени во Ормуската Теснина

Маж од Русија доби 4 години затвор – украл 40 рози