Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Хаос во Шри Ланка: Демонстрантите упаднаа во вилите на претседателот и премиерот – во едната се избањаа, другата ја запалија

300x250 opst2

Протестите во Шри Ланка целосно излегоа од контрола и кулминираа со палење на приватнатата резиденција на премиерот, Ранил Викремесинге, како и уништување на неговите возила.

dobivaj vesti na viber

„Демонстрантите упаднаа во приватната резиденција на премиерот Ранил Викремесинге и ја запалија“, соопшти кабинетот на премиерот.

Викремесинге најави дека ќе поднесе оставка од функцијата за да обезбеди продолжување на работата на владата и за безбедноста на сите граѓани.

Пред само неколку часа, демонстрантите влегоа во домот на претседателот Готабаја Раџапакса барајќи оставка.

Како што пренесоа агенцииите, Раџапакса побегна од својата официјална резиденција непосредно пред демонстрантите, кои лути поради невидената економска криза, влегоа и го окупираа комплексот, пливаа во претседателскиот базен и објавија снимки на социјалните мрежи.

Огромна маса народ ја опколи претседателската резиденција барајќи оставка од шефот на државата, кого го обвинуваат за лошо управување.

Додека демонстрантите го преплавија влезот на претседателската палата, чуварите пукаа во воздух за да го спречат нападот додека Раџапакса безбедно не го напушти комплексот, изјави за АФП висок извор од обезбедувањето.

„Претседателот беше придружуван на безбедно“, додаде изворот. „Тој се уште е претседател, го штити воена единица“, објасни тој.

Можете да прочитате

Јужноафриканскиот амбасадор во Франција пронајден мртов пред хотел во Париз

(Видео) Ураган ја поплави Ибица: Водата однесе автомобили, луѓето заробени во куќите

Трамп: Хамас има три или четири дена да одговори на понудата за мир во Газа