Утрински Весник
Свет

Хаосот по аеродромите продолжува – утрово откажани уште 1.600 летови, најмногу во Кина и САД

Хаосот по аеродромите продолжува – утрово откажани уште 1.600 летови, најмногу во Кина и САД

Повеќе од 1.600 летови утринава се откажани во светот поради зголемувањето на бројот на заразени од Ковид-19, а најпогодени се дестинациите во САД и Кина, објави специјализираниот сајт „ФлајтАвер“.

Најмногу се откажани летовите на кинеските компании, а најтешко погодени се аеродромите во Пекинг и Шангај, со вкупно 300 откажани летови, според Би-Би-Си. Хонг Конг ги забрани сите летови на јужнокорејската авиокомпанија „Кореан ер“ на две недели, по позитивни случаи кај некои пристигнати патници.

Во меѓувреме, најтешко погодени американски компании се „Јунајтед“ (84) и „ЏетБлу“ (66).

Минатата недела компанијата „Јунајтед“ предупреди дека зголемувањето на бројот на заразени со омикрон има директно влијание врз персоналот за летови на таа компанија, поради што многу вработени морале да се изолираат.

Но, и лошите временски услови се причина за откажување на летовите, бидејќи снежната покривка ги одложи летовите и ја наруши ситуацијата на патиштата во западната држава Вашингтон.

Исто така, американските власти соопштија дека надгледуваат десетици крстарења на кои се регистрирани случаи на коронавирус, додека на некои бродови им е забранет влезот во пристаништата на Карибите.

Вкупно, повеќе од 8.000 летови беа приземјени за време на долгиот божиќен викенд што започна во петокот.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме