Лионел Меси е фаворит за наградата Златна топка. Аргентинецот, во кариерата шест пати бил лауреат.
Меси и покрај тоа што ја освои само Копа Америка е фаворит кај обложувалнците. Коефициентот дека тој ќе ја добие наградата е 1,40. Главни конкуренти ќе му бидат Роберт Левандовски (6,00), Жоргињо (6,00) и Нголо Канте (10,00).
Капитенот на Интер, Самир Хандановиќ, смета дека Меси не треба да ја добие Златната топка.
„Наградата треба да ја добие Жоргињо, тој човек ги освои ЛШ и Европското првенство. Сметам дека Златната топка не е награда која треба да ја добие најдобриот играч во светот. Ако е така Меси требаше да ја добива секоја година. Треба да го наградиме оној кој се наоѓа на врвот, во случајот тоа е Жоргињо“, рекол Хандановиќ.
> Хандановиќ: Меси не треба да ја добие Златната топка <