Утрински Весник
Спорт

Хамилтон и Ботас доминираат во Монца, мало подобрување на формата на Ферари

Хамилтон и Ботас доминираат во Монца, мало подобрување на формата на Ферари

Луис Хамилтон повторно го победи својот колега од Мерцедес, Валтери Ботас за да влезе како фаворит на Италијанското ГП во Монца со најдобар пласман на вториот слободен тренинг на славната патека.

На патека на која моќта на моторот е најважна, не беше изненадување Мерцедес да има најдобро време, а исто како и во Шпанија и Белгија откако Ботас беше најбрз на првиот тренинг, Хамилтон беше најбрз во вториот.

Иако од овој викенд се забранети таканаречените „квалификациски модови“, односно болидот не смее да биде „чепнат“ од петок до недела и се веруваше дека овој потег ќе ги успори Мерцедес, тоа не се реализираше. Лендо Норис беше трет најбрз за Мекларен со 9 десетинки од секундата зад Хамилтон, по што следуваше Пјер Гасли (Алфа Таури) и Макс Ферстапен (Ред бул).

Ферари на својата домашна патека не беа толку „мизерни“ како во Белгија, откако Шарл Леклер беше на деветтото место, додека Себастијан Фетел беше на 12. место со 1.541 секунди заостанување.

> Хамилтон и Ботас доминираат во Монца, мало подобрување на формата на Ферари <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мбапе го купи францускиот второлигаш Каен

Пан го урна светскиот рекорд па „удри“ по колегите од Австралија и САД

Милан го победи Реал, Луверпул славеше над Арсенал