Утрински Весник
Свет

Хамас ќе поддржи влада на национално единство

Хамас ќе поддржи влада на национално единство

Член на политичкото биро на Хамас во понеделникот рече дека движењето ќе поддржи влада на национално единство без оглед на резултатот од парламентарните избори следниот месец.

Д-р Калил Ал-Хајаја изјави за телевизијата Ал Акса дека Хамас сака да ги реорганизира палестинските институции и да поддржи влада што ќе работи на ставање крај на внатрешната политичка поделба под контрола на новиот парламентарен состав.

Тој посочи дека Хамас продолжува со своите ангажмани за изборите.

Резултатите, потврди тој, ќе бидат прифатени какви и да се.

Хамас освои огромно мнозинство на последните парламентарни избори одржани во 2006 година, а и повторно е фаворит за победа, иако со намалено мнозинство. Ал-Хајаја истакна дека Палестинците одржуваат избори оваа година затоа што народот бара тие да се одржат, а не затоа што која било надворешна сила инсистирала на тоа.

Во меѓувреме, Ал-Хајаја додаде дека Хамас поднел жалби за некои прекршувања од страна на членови на други изборни листи, како и од голем број надзорници на изборниот процес.

Можете да прочитате

Поранешниот бразилски претседател Болсонаро осуден на 27 години затвор за обидот за државен удар

„Ако мојата ќерка забремени од силување, треба да го роди детето“ – скандалозен став на починатиот Чарли Кирк по однос на прашањето за абортус

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк