Утрински Весник
Магазин

Хали Бери проговори за битката што ја води цел живот

Хали Бери проговори за битката што ја води цел живот

Хали Бери смета дека нејзините тешкотии честопати се занемаруваат поради нејзиниот изглед.

Оскаровката возврати на генералниот впечаток и коментари дека имала лесен живот, сугерирајќи дека луѓето бргу ја оценуваат врз основа на нејзиниот добар изглед.

55-годишната Хали за весникот „Њујорк тајмс“ изјави: „Ова е уште една битка во која се борев цел живот. Тоа е затоа што изгледам на одреден начин дека сум поштедена од какви било тешкотии. Имав загуба и болки, и многу повреди и злоупотреба во животот.“

„Навистина се фрустрирам кога луѓето мислат дка благодарение на мојот изглед не сум имала некое од тие искуства од реалниот живот, но јас апсолутно имам.“

Хали освои „Оскар“ за најдобра актерка во 2002 година за нејзината изведба во филмот „Топката на чудовиштето“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста