Утрински Весник
Спорт

Халанд: Милошевиќ ми рече дека сум к…а и дека ќе ми ги скрши нозете

Норвешка го доби скандинавското дерби одиграно во Б-дивизијата, во Групата 4 во Лигата на нации. Норвежаните славеа со двата гола на Ерлинг Халанд. Новиот играч на Манчестер сити, во својот 19.натпревар за националниот тим ги постигна 17. и 18. гол.

Во вториот дел камерите забележаа вербална расправија меѓу Александар Милошевиќ и Ерлинг Халанд, по што Норвежанецот набрзо го постигна вториот гол и гестикулираше кон публиката, порачувајќи им дека треба да молчат.

Во изјава за норвешките медиуми по натпреварот, Халанд изјави дека Милошевиќ го навредувал и му се заканувал.

„Ми рече дека сум кучка и дека ќе ми ги скрши нозете, а минута подоцна постигнав гол. Одлично е чувството кога даваш голови за репрезентацијата, нашиот народ го заслужува тој“, изјави тој за „ТВ2“.

30-годишниот Швеѓанец со српски корени, инаку играч на АИК од Стокхолм, демантирал дека му се заканил на Халанд.

„Не сакам да губам време на она што е кажано на теренот, но не зборувам ниту разбирам норвешки, не знам дали тој разбира шведски. Ниту сум кажал нешто такво, ниту поддржувам такви зборови. Тоа е се што можам да ви кажам. Овој натпревар го оставам зад себе“.

> Халанд: Милошевиќ ми рече дека сум к…а и дека ќе ми ги скрши нозете <

Можете да прочитате

Голема тепачка меѓу навивачите на Вележ и Зрињски

Сабаленка се врати на врвот на ВТА ранг-листата

Алкалоид со убедлива победа го почна Европскиот шаховски клупски куп