Мадрид, 30 јуни 2020 (МИА) – Дефанзивецот на Реал Мадрид, Ашраф Хакими се збогува со Борусија Дортмунд за кого играше на позајмица две последователни сезони.
– Дојде време да се заврши прекрасната фаза од мојот живот. По две прекрасни години, јас сум подготвен да го напуштам тимот што ми даде толку многу уште од првиот момент по моето пристигнување во Дортмунд. Сега разбирам дека го направив вистинскиот избор пред две години.
Сакам да им се заблагодарам на сите тимски партнери, тренерскиот персонал и клупскиот персонал за љубовта и довербата што ми ја покажа. Исто така, би сакал да им се заблагодарам на навивачите на Борусија кои не поддржуваа на секој натпревар. Никогаш нема да го заборавам жолтиот фан штанд на Борусија, тоа е неверојатен поглед. Конечно, им се заблагодарувам на моето семејство и пријателите за нивната континуирана поддршка.
Се надевам дека нашите патеки повторно ќе се вкрстат. Се гледаме наскоро, Борусија! – напиша Хакими на Твитер. зс/