Утрински Весник
Спорт

Хакими бира меѓу три клуба

Реал Мадрид враќа четири отстапени играчи
Dik 300x250 mk

Дортмунд, 14 јуни 2020 (МИА) – Дефанзивецот Ашраф Хакими добил понуди од Баерн (Минхен), Интер и неговиот сегашен клуб Борусија (Дортмунд), пренесува „Онда Черо“.

Мароканецот е во сопственост на Реал Мадрид, кој бара најмалку 60 милиони евра за него.

Во последните две сезони, Хакими игра на позајмица во Дортмунд, претставувајќи се многу успешно. На „Сигнал Идуна Парк“ се подготвени да преговараат за ново отстапување.

Пред извесно време, тренерот на Реал, Зинедин Зидан увери дека дефанзивецот ќе се врати на „Бернабеу“. Сепак, сегашната криза со коронавирусот ќе ги принуди „белите“ да продаваат некого за да имаат финансиски приход.

Клубот веќе има премногу фудбалери. Во моментов, Шпанците испратија уште еден десен бек во Бундеслигата – Алваро Одриосола, кој е во Баерн.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ѓоковиќ го победи Борхес и се пласираше во полуфиналето на турнирот во Атина

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс

Победа со забрана за присуство на публика на четири домашни натпревари