Утрински Весник
Свет

Хакерски напад врз САД, прстот се вперува кон Северна Кореја

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерството за правда на САД обвини тројца севернокорејски програмери за големи хакерски напади, вклучувајќи банки и филмско студио. Покрената е нова кривична постапка против уште двајца севернокорејски хакери и таа е продолжение на претходната кривична постапка поведена во 2018 година против еден севернокорејски државјанин.

Обвинителите велат дека сите тројца програмери се членови на военоразузнавачката агенција на Владата на Северна Кореја. Тие го обвинуваат Генералното биро за разузнавање, највисоката служба за разузнавање на Северна Кореја, за учество во глобален заговор во кој украле од банки и компании криптовалути во вредност од 1,3 милијарди долари, како како и за упад во филмското студио Сони во 2014 година заради холивудски филм којшто не и се допаднал на севернокорејската влада.

„Како што е наведено во денешното обвинение, севернокорејските оперативци, користејќи тастатури наместо пиштоли, крадејќи дигитални паричници со криптовалути наместо вреќи со готовина, се водечки разбојници на банки во светот“, рече Џон Демерс, помошник на државниот обвинител и високо официјално лице во Министерството за правда.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Украина ја нападнала резиденцијата на Путин, Кремљ најави одговор

Трамп: Нетанјаху понекогаш е тежок, се надевам дека втората фаза од мировниот план за Газа ќе стапи на сила многу брзо

Рускиот претседател потпиша указ за регрутација на 261.000 руски граѓани