Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Хакерски напади врз укаринското министерство за одбрана и врз банки

Хакерски напади врз укаринското министерство за одбрана и врз банки
Dik 300x250 mk

Украинскиот центар за кибер-безбедност објави дека веб-страниците на украинското Министерство за одбрана и на банките „Приватбанк“ и „Ошадбанк“ биле хакирани, објави денеска руската новинска агенција „Тасс“, а пренесе и „Ројтерс“.

Центарот посоќува дека Русија би можела да стои зад овие напади.

Министерството за одбрана на „Твитер“ објави соопштение за нападот во кое се наведува дека се работи на санација на дефектите.

„Веб-страницата на МОУ веројатно претрпе DDoS напад. Техничката работа е во тек со цел воспоставување на редовната работа. Можна е комуникација преку ‘Фејсбук’ и ‘Твитер’, ArmyInforma https://armyinform.com.ua и Army FM https://armyfm. com.ua“, соопшти Министерството.

Новинарот Кристофер Милер наведува дека хакери ги нападнале државните банки „Приватбанк“ и „Ошадбанк“, како и Министерството за одбрана. Тој додава дека банкоматите не работат и дека банкарските услуги не се достапни.

„Не работат ниту веб-страниците на Министерството за одбрана и на вооружените сили“, напиша Милер на „Твитер“.

Можете да прочитате

ЕУ подготвува план за војна со Русија, протекоа детали, доаѓа „ѕид од дронови“

Во Милано убиена манекенка, партнерот ја прободел дури 24 пати

Поради руските напади, Украина воведува прекини на електричната енергија