Утрински Весник
Свет

Хакери нападнаа стотици фирми во светот, бараат 70 милиони долари

Хакери нападнаа стотици фирми во светот, бараат 70 милиони долари

Хакери кои оневозможиле стотици компании ширум светот, бараат 70 милиони долари за ослободување на блокираните податоци.

Ова на нивниот блог го објави сајбер банда позната како Ревил (REvil), објави „Ројтерс“.

Ален Лиска, од компанијата за сајбер безбедност „Рекордед Фучр“ (Recorded Future), потврди дека пораката е автентична, како и дека сајбер бандата го користи блогот од минатата година.

Можете да прочитате

Филипини: Кина испука сигнални ракети кон авион над Јужното Кинеско Море

Маск повика на распуштање на Европската унија откако Унијата ја казни платформата Х

Полицијата во Хонг Конг уапси маж поради објави за смртоносниот пожар