Утрински Весник
Економија

Хаварија во велешки „Благој Ѓорев“, петта за 18 месеци

Хаварија во велешки „Благој Ѓорев“, петта за 18 месеци

Велес, 15 јуни 2020 (МИА) – Од прехранбената индустрија А.Д „Благој Горев“ попозната како велешка маслодајна вчера во 10,50 минути во СВР Велес бил пријавен инцидент-хаварија настаната на резервоарот за мазут, во која системот за одржување на температурата на мазутот се појавил дефект заради прскање на греачот, поради што дошло до излевање на околу еден тон мазут,од коу дел се пренесочил кој резервниот резервоар, информирааше градоначалникот на Велес, Аце Коцевски. Воедно тој истакна поради што резервниот резервоар не бил доволен за да го прими целокупното истечено количество, дел од мазутот се излеал по главната улицата „Алексо Демниевски“ која води кон Железничка.

–  Дел од мазутот преку решетка на улицата која ги прифаќа атмосферските води, а оттаму  се истечени дирекно во реката Вардар, со што се загрозени рибите и останатиот живот свет. Мрсна дамка во водите на реката Вардар во Градскиот парк утрово била забележана од ЗСР „Бабуна“ и рекреативци  кои биле во Градскиот парк, појасни градоначалникот Коцевски.

Од Општина Велес претпоставуваат дека бил истечен околу еден тон мазут, но тоа треба да го утврдат надлежните инспекторат во велес моментално нема Општински ни Државен инспектор за животна средина. Меѓувреме случајот е пријавен во СВР Велес, чии екипи излегла на настанот и го пренасочувале сообраќајот на соседната улица.

– Жал ми е што екипите на Крим техника при СВР Велес одлучиле заради проценката дека на никого не му е предизвикана штета да не направат увид на лице место и да го документираат настанот. Мој став е дека штета на физичко лице и претпријатие не е направена, но направена е штета на јавниот интерес на граѓаните односно на граѓаните на Велес, затоа што е оштетен коловозот и количествата на мазут се излеале  во водите на реката Вардар, кои се опасност за рибниот свет во рекета, посочи Коцевски.

Тој израчи надеж дека во текот на денешниот ден екипите на Крим техника ќе излезат на лице место и ќе го документираат настанот.

Градоначалникот Коцевски, исто така соопшти дека Општината Велес целосна информација за хаваријата со фото документација ќе достави до ОЈО Велес за поведување соодветна постапка. Истовремено тој рече дека општината информација ќе достави и до Државниот инспекторат за животна средина.

Коцевски информира дека тој лично вчера во 12,30 минути направил увид на настанот каде ги затекна вработените од Маслодајна, како на мазутот фрлат ќоспе од сончоглед за да го впие мазутот. Заради овие причии синоќа екипи на ЈКП „Дервен“ го чистеле со вода  коловозот за да се осигури безбедно одвивање на сообраќајот.

Раководителот на одделение за животна средина при Општина Велес, Билјана Шуркова Манаскова, изјави дека мазутот помешан со ќоспе станува опасен смет.

Таа потсети дека ПИ „Благој Ѓорев“ сеуште нема добиено Б интегрирана еколошка дозвола, која ја издава Општина Велес, затоа што подолг период наназад постапката е дадена на усогласување.

Градоначалникот Коцевски потсети на досегашните  четири еко инциденти односно хаварии од велешка Маслодајна, најопасна беше четвртата во која се запали силос полн со ќоспе-лушпи од сончоглед, од која чадеше неподнослив црн чад повеќе денови и им го загрозуваше здравјето на граѓаните. Во овој случај Фабриката „Благоја Ѓорев”, заработи  парична казна од 50 илјади евра, а условна казна  беше изречена за сопственикот на фирмата.

Коцевски појасни дека од нивниот увид во Фабриката „Благој Ѓорев“  биле констарана стара и дотраена опрема и затоа апелира до менаџерскиот и сопственички тим на фабриката  тоа да го промени, за да  се спречат понатамошни хаварии во Фабриката и да се зачува животот на вработени во фабриката и жителите на Велес. ад/оџ/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Седница на Советот на Народната банка: Централната банка дава значаен придонес во евроинтегративните процеси на земјата

Последни два дена за амандманска расправа за Предлог-Буџетот за 2025 на матичната собраниска Комисија

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата