Хабиб Нурмагомедов предмалку во Абу Даби во главната борба на вечерта во УФЦ 254, во лесна категорија славеше триумф против Американецот Џастин Гетџи и со тоа остана непоразен со 29-0-0.
Првата рунда помина во иницијатива на Дагестанецот кој тргна фуриозно против Гетџи кој пак се обидуваше да нападне со лоу кикови. На 40 секунди пред крајот на рундата Хабиб го турна на партер, ама нема доволно време да го докрајчи противникот.
Во втората рунда продолжи „бомбардирањето“ на Американецот, борбата се префрли на партерот, крв од носот на Гетџи, Хабиб силно го притиска околу вратот и по само 1 минута – мечот е завршен.
Дагестанецот нема пораз во оваа категорија, додека Гетџи го доживеа вториот неуспех по 24 борби.
Хабиб изненадувачки најави дека ова е крај на неговата кариера.
„Кога ме контактираше УФЦ за борбата со Гетчи, мајка ми не сакаше да се борам без мојот татко покрај кафезот. Три дена разговарав со неа и ѝ ветив дека ова ќе биде моја последна борба. Сега морам да си го исполнам ветувањето и затоа ова е моја последна борба“ рече шампионот по победата.
Инаку, ова е прва борба во неговата кариера, а до него да не е татко му кој почина неодамна откако му беше извршена операција на срцето.
Respect. #UFC254 pic.twitter.com/pgS1YhI2CF
— UFC (@ufc) October 24, 2020
> Хабиб го среди Гетџи, па се прости од УФЦ – „И ветив на мајка ми“ <