Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Ф1: Силверстон распродаден во рекордно време

Ф1: Силверстон распродаден во рекордно време
300x250 opst2

Билетите за трката за Големата награда на велика Британија, во Силверстон се продаден во рекордно време, најбрзо во историјата на оваа трка.

Рекорден се очекува да биде и бројот на гледачи на трката во јули. Популарноста на Формула 1 расте од ден на ден, а тоа го потврдуваат и податоците од Британија.

Билетите за Големата награда на Британија, што ќе се одржи на 3 јули на патеката во Силверстоун, се распродадени во рекордно време. Сите 142.000 билети за трка во продажба се купени, соопштија организаторите на трката, а ова ќе биде и нов рекорд на посетеност на трката во Силверстоун.

Според организаторите, се очекува да бидат распродадени и останатите два дена, петок и сабота, за кога се планирани тренинзите и квалификациите. Доколку тоа се случи, се очекува рекорден Ф1 викенд во Велика Британија.

„Забележавме неочекувано голема побарувачка за билети за овогодинешната трка, никогаш не сме ги продале сите билети толку рано“, изјави за Гардијан Стјуарт Прингл, директор на трката.

„Го зголемивме капацитетот со додавање на повеќе места и очекуваме на денот на трката да бидат присутни околу 142 илјади гледачи. Доколку продолжи овој тренд, очекуваме сите три дена да бидат распродадени“, додаде Прингл.

> Ф1: Силверстон распродаден во рекордно време <

Можете да прочитате

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа