Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Ф1 се откажува од „клечењето“ во новата сезона

Ф1 се откажува од „клечењето“ во новата сезона
300x250 opst2

Формула 1 шефовите откриваат дека возачите веќе нема да клекнуваат пред трките во знак на борба против расизмот, бидејќи е време да се префрлат од „зборови во активности“.

Шефот на Ф1, Стефано Доменикали вели дека гестот кој се правеше последните две сезони, предводен од седумкратниот Ф1 шампион Луис Хамилтон и кој беше инсприран од случувањата во САД, веќе нема да биде дел од официјалната програма, иако било кој возач може да го направи тоа своеволно.

Формула 1, сепак, не се откажува од програмите за зголемување на диверзитетот – пред секоја трка ќе се објавува . на кое возачите ќе промовираат анти-расизам, а исто така продолжува и шемата за школарини за студенти од етнички и расни малцинства во Велика Британија и Италија.

„Мораме да бидеме сигурни дека тоа што го направивме беше важно да се покаже намерата на Ф1 во важните работи за светот. Сега треба да го смениме гестот и да направиме активности. Активноста е да се фокусираме на разноликоста на нашата заедница и школарината е прв чекор“, изјави Доменикали.

> Ф1 се откажува од „клечењето“ во новата сезона <

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица