Утрински Весник
Спорт

Ф1 календар за 2022 – Ќе се возат 23 трки

Ф1 календар за 2022 – Ќе се возат 23 трки

Големата награда на Кина, нема да се вози и во 2022 година. Рестрикциите во Кина се такви што е невозможно да се организира трка во шампионатот на Формула 1. Замена за трката која се вози во Шангај, на 24.април ќе се вози Големата награда на Емилија-Ромања, во Имола.

За разлика од Кина, се очекува по пауза од две години, во календарот да се вратат трките во Австралија, Канада, Сингапур и Јапонија. Наредната година прв пат ќе се вози трката во Мајами.

Планот на ФИА е во 2022 година да се возат 23 трки за 35 недели.

Сезоната би започнала на 20.март во Бахреин, а би завршила на 20.ноември во Абу Даби. Првенството во Формула 1 ќе заврши три недели порано, за да не се преклопи со фудбалскиот Мундијал во Катар.

> Ф1 календар за 2022 – Ќе се возат 23 трки <

Можете да прочитате

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет

АИПС го осуди однесувањето на новинарите по хаотичното африканско финале

Вардар ремизираше на вториот контролен натпревар во Анталија