Утрински Весник
Спорт

Фјури-Вајлдер, трет дел, на 19 декември?

Фјури-Вајлдер, трет дел, на 19 декември?

Трилогијата на мечеви помеѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер ќе се комплетира во Лас Вегас на 19 декември оваа година, објавува „Топ ренк“ промотерската куќа.

34-годишниот Вајлдер имаше среќа што првиот меч со 31-годишниот Британец Фјури заврши без победник, пред во февруари Фјури двапати да го прати на подот пред да му ја одземе ВБЦ титулата во тешка категорија. Сега, Фјури по третпат ќе мора да го надбоксува Вајлдер за следната година да се оддржат два меча со Ентони Џошуа.

„Се фокусираме на 19 декември и на нормална ситуација, можеби со 50 отсто капацитет на гледачите“, вели Бред Џејкобс од „Топ ренк“.

Текстот Фјури-Вајлдер, трет дел, на 19 декември? е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство