Утрински Весник
Спорт

Фјури: Ако платите до 1.септември ќе се борам со Усик

Неодамна пензионираниот британски боксер Тајсон Фјури изјави дека ќе се врати во рингот и ќе се бори со Украинецот Олександр Усик. Тој би го направил тоа доколку борбата биде договорена до 1. септември, односно доколку до наведениот датум парите „легнат“ на неговата банкарска сметка.

dobivaj vesti na viber

Усик ги одбрани појасите во категориите ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО со триумфот над Ентони Џошуа во Џеда, а Фјури се пензионираше во април како сопственик на појасот ВБЦ, па победникот од нивниот евентуален дуел би бил апсолутен светски шампион во тешка категорија.
„За сите оние кои се обидуваат да организираат борба, ви давам рок седум дена, до 1. септември, да ги соберете парите. Ако не, тогаш ви благодарам многу, супер беше, но јас сум во пензија. Ве молим испратете ги сите понуди на мојот адвокат со писмени докази дека средствата се обезбедени и нека започнат игрите“, напиша Фјури на социјалните мрежи.

Украинецот Олександр Усик има 20 победи од исто толку борби, додека Британецот Тајсон Фјури има 32 победи и една нерешна борба и тоа против Американецот Деонтеј Вајлдер.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина