Утрински Весник
Спорт

ФФМ: Од наредната сезона единствена Втора лига

ФФМ: Од наредната сезона единствена Втора лига

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го одржа своето редовното Генерално собрание за 2022 година. Делегатите го усвоија извештајот на претседателот и Управниот одбор на ФФМ за 2021. година.

Највисокото тело на федерацијата ја усвои завршната сметка за минатата година и буџетот на Федерацијата за 2022. година, а беше усвоен извештајот на независниот ревизор.

Исто така, делегатите едногласно ги усвоија измените на системот за натпреварување во МФЛ за 2022/2023 за единствена Втора лига, во која ќе се натпреваруваат 16 екипи.

Работниот дел од Собранието го следеа претставници на УЕФА и ФИФА. Денис Бастари, претставник на одделот за Национални асоцијации ја претставуваше УЕФА, додека Чарлс Борман беше претставник на ФИФА од Национални асоцијации.

Фото/ffm.mk

> ФФМ: Од наредната сезона единствена Втора лига <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина