Утрински Весник
Свет

Фумио Кишида: Неприфатлив е прекинот на преговорите од Москва

Фумио Кишида: Неприфатлив е прекинот на преговорите од Москва

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска ја нарече неприфатлива одлуката на Русија да ги прекине преговорите за мировен договор.

„Ова го сметаме за апсолутно неправеден и целосно неприфатлив потег и изразуваме силен протест“, нагласи Кишида за време на расправата во парламентот, истакнувајќи дека неговата земја нема да го промени курсот кон решавање на мировниот договор, пренесува ТАСС.

Кишида додаде дека Токио не е во можност да зборува за изгледите за продолжување на преговорите со Москва.

Можете да прочитате

Околу 3.000 згради во Киев сè уште без греење по руските воздушни напади

Откриени првите детали од договорот: Еве што би можеле да добијат САД на Гренланд

Путин: Тоа што се случува со Гренланд воопшто не нè засега