Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Фудбалскиот клуб Пелистер бара да игра во Првата фудбалска лига

Фудбалскиот клуб Пелистер бара да игра во Првата фудбалска лига
Img 7972

Битола, 20 мај 2020 (МИА) Во очекување на одлука на Фудбалската федерација на Македонија за начинот на завршување на годинешната фудбалска сезона, ФК  Пелистер, есенскиот првак во Втората лига – Запад, со соопштение до ФФМ и спортската јавност, побара клубот на есен да биде прволигаш.

Од ФК „Пелистер“ посочуваат дека во интерес на почнати проекти, а како обврска кон симпатизерите, ја информираат јавноста дека ФК Пелистер, во годината во која што слави 75-годишнината од своето постоење, има една единствена долгорочна цел – промоција во Првата лига и значајно место во македонскиот клупски фудбал.

Со оглед на ново настаната ситуација, сакаме да потенцираме дека здравјето на нашите граѓани мора да остане на прво место и дури потоа може да се размислува за спортскиот и натпреварувачки дел. Нашата порака е да се изнајде решение кое ќе биде прифатливо за поголема група од македонски прволигаши и второлигаши за завршување на оваа и пополнување на местата за следната сезона, соопштија од ФК Пелистер-Битола. мт/зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг