Утрински Весник
Спорт

Фудбалската федерација на Холандија ја поништи сезоната 2019/20

Фудбалската федерација на Холандија ја поништи сезоната 2019/20

Амстердам, 24 април 2020 (МИА) – Фудбалскиот сојуз на Холандија реши да ја откаже сезоната 2019/20 поради пандемијата на коронавирусот. Ова значи дека земјата нема да има шампион и нема да има промовирање на екипи од понизок ранг во повисоките дивизии.

Според медиумите во земјава, повеќето екипи гласале да има поништување на првенството. „За“ биле 16, а по девет биле против и воздржани, но самата Федерација ја донесе конечната одлука.

Квотите за европските клупски турнири ќе бидат дистрибуирани на следниов начин: Ајакс и АЗ Алкмар се квалификуваат во Лигата на шампионите. Ајакс е директно во групите. Во моментот на стопирањето на првенството Ајакс и АЗ имаа еднаков број на поени, со тоа што тимот од Амстердам имаше подобра гол разлика, но АЗ ги победи двата натпревари меѓу нив.

Феенорд, ПСВ Ајндховен и Вилем Втори се квалификуваат за Лига Европа.
Адо Ден Хаг и Валвијк, кои беа во зоната за испаѓање, ќе останат во „Ередивизи“.

Холандија за прв пат остана без шампион по Втората светска војна, а лидерот во вторта лига Камбур, најави дека ќе ја тужи федерацијата за оваа одлука. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026