Шесте најквалитетни фудбалски лиги во светот според некои прогнози ќе загубат околу 5 милијарди евра како резултат на пандемијата со коронавирусот. Според податоците на ревизорската компанија „KMPG“, се очекува вистински финансиски хаос.
Споменатата цифра се однесува на претходната сезона и тоа во Португалија, Шпанија, Англија, Германија, Франција и Италија.
ПСЖ загубил 125.8 милиони евра, Порто е со загуба од 116,2, а Јувентус во минус од безмалку 90 милиони евра.
Реал Мадрид за изненадување направил профит од 300.000 евра, а профитот на Баерн е 5.9 милиони евра. Ливерпул се уште не ги открива податоците.
Што се однесува на заработката на споменатите клубови во сезоната 2019/2020 таа е намалена во споредба со претходната, од продажба на дресови и останати маркетиншки работи, од влезници и од ТВ права
Клучна е забелешката на ревизорите уште пред почетокот на пандемијата дека проблем ќе направат „напумпаните“ плати на фудбалерите, се повисоките цени на трансферите и огромните проценти за агентите.
Анализата на „KPMG” тврди дека од февруари 2020 до јануари 2021 вкупната вредност на 500-те најдобри фудбалери во светот паднала за речиси 10%.
> Фудбалската елита поради короната губи 5 милијарди евра <