Утрински Весник
Спорт

Фудбалот во Англија се враќа за помалку од 2 месеци

Продолжува падот на Јунајтед на табелата во Премиер лигата

Лондон, 13 април 2020 (МИА) – Англиската фудбалска лига планира да ги продолжи натпреварите на 6 јуни доколку е безбедно. Сите мечеви во Англија се прекинати заради кризата со коронавирус, но загриженоста за финансиската криза расте.

Ова е причината зошто Фудбалската лига сака сезоната да заврши. Ова ќе им помогне на помалите клубови да се справат со ситуацијата, пишува „Мирор“.

Ако дуелите навистина започнат во јуни, тие ќе бидат пред празни трибини. Постои можност Премиер лигата да биде обновена во исто време.

Прецизирано е дека ова ќе се случи само доколку владата прогласи дека е безбедно.

Англиската фудбалска лига управува со второто, третото и четвртото ниво на фудбал во Англија – Чемпионшип, Првата лига и Втората лига.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл