Утрински Весник
Спорт

Фудбалерка постигна хет-трик од автотголови

Фудбалерка постигна хет-трик од автотголови

Меикајла Мур, фудбалерка на Ливерпул и репрезентацијата на Нов Зеланд, стана планетарно полуларна, но не по нешто со што може да се гордее.

На турнир во САД, против домашната селекцкција, која ја предводи Македонецот Влатко Андоновски, Мур постигна хет-трик од автоголови.

Мур за само 30 минути, три пати ја погоди мрежата на својот тим. Првиот автогол го постигна во петтата, една минута подоцна го постигна вториот, а во 36.минута го комплетираше хет-трикот.

Потресена од својот настап, во 40.минута побара измена и го напушти теренот.

Без својата „најефикасна фудбалерка“, репрезентативките на САД во вториот дел постигнаа уште три гола за конечни 6:0.



> Фудбалерка постигна хет-трик од автотголови <

Можете да прочитате

Австрија по втор пат подобра од Македонија

Дејан Георгиевски со сребро од Г1 ја отвори новата олимписка сезона

Манчестер Сити во Италија ја најде замената за Родри