Утрински Весник
Спорт

Фудбалерите на ПСЖ ќе добијат златни кутии за „Ајфон“ за освојувањето на Лига 1

Фудбалерите на ПСЖ ќе добијат златни кутии за „Ајфон“ за освојувањето на Лига 1

Париз, 12 мај 2020 (МИА) – Компанијата „Дизајн голд“, партнер на фудбалскиот клуб Пари Сен-Жермен, најави дека на сите играчи ќе им подели кутија за „Ајфон“ изработена од 24-каратно злато, во чест на победата во францускиот шампионат 2019/20.

Кутиите ги содржат имињата на играчите, нивниот број на дресот и логото на Лига 1.

ПСЖ беше прогласен за шампион пред одигрување на сите натпревари од сезоната, бидејќи првенството е прекината поради коронавирусот.

Парижаните беа во предност, пред второпласираниот Марсеј со 12 бодови. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Победа за Мерцедес на отворањето на новата сезона во Формула 1

Рекордна победа на Словенката Превц во скијачки скокови

Неизвесно одржувањето на две трки во Ф1