Манчестер, 17 мај 2020 (МИА) – Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Фред го сподели своето мислење за неговиот соиграч Пол Погба.
– Секој кој ги гледал натпреварите од СП 2018 година, знае дека Погба е одличен фудбалер. Секој што комуницира и игра со него цело време, исто така го знае тоа. Сите во Манчестер Јунајтед сакаат Погба да остане. Јас сум сигурен дека е во состојба да му помогне на тимот и да му даде многу. Да, ние играме на иста позиција, но колку посилни се играчите во еден тим, толку подобро. Доколку остане Погба, тогаш сигурен сум дека ќе бидеме уште посилни следната година, изјави Фред за „Goal.com“.
Погба го пропушти поголемиот дел од сезоната 2019/20 поради повреда на глуждот. Играше на 7 натпревари во Премиер лигата и забележа две асистенции.
За 27-годишниот Французин се заинтересирани Реал Мадрид и Јувентус.