Утрински Весник
Свет

Француското обвинителство бара четири години затвор за Саркози

Француското обвинителство бара четири години затвор за Саркози

Француското обвинителство побара поранешниот француски претседател Никола Саркози да биде осуден на четири години затвор од кои две да бидат условни.

Обвинителството тврди дека Саркози му понудил на судијата Гилберт Азибер профитабилна работа во Монако во замена за доверливи информации од истрагата за наводни нелегални исплати што ги примил од сопственичката на „Лореал“, Лилијан Бетенкор за неговата претседателска кампања во 2007 година.

Обвинителите објавија дека тоа излегло на виделина кога биле прислушувани разговорите помеѓу Саркози и неговиот адвокат, Тиери Херцог.

Саркози, претходно, пред судот изјави дека тој никогаш не бил дел од коруптивни постапки и дека е жртва на лаги.

Поранешниот француски претседател ги обвини обвинителите за лов на вештерки.

„Дозволете ми свечено да изјавам дека никогаш не сум сторил ниту најмал корупциски чин. Никогаш. Никогаш не сум го злоупотребил моето влијание, наводно или реално“, рече Саркози, кој беше претседател од 2007 до 2012 година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија врати седум украински деца со посредство на Катар

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд