Утрински Весник
Свет

Француски министри под истрага затоа што јаделе во тајни ресторани

Француски министри под истрага затоа што јаделе во тајни ресторани
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во Франција е покрената истрага во врска со обвинувањата дека министри и други службеници се хранеле во тајни ресторани, што е спротивно на ограничувачките мерки воведени поради спречување на коронавирусот.

Рестораните во Франција се затворени од октомври за да се спречи ширењето на коронавирусот, а Канцеларијата на обвинителството во Париз објави дека истрагата е отворена во неделата поради можни обвинувања за загрозување на здравјето и работа на црно, пренесува АП.

На видео емитувано од француската мрежа М6, непознат човек изјавил дека јаде во два или три тајни ресторани со одреден број министри на француската влада.

Членовите на владата веднаш го негираа постоењето на такви ресторани, а министерот за внатрешни работи Жерар Дерманин побара полицијата да ги испита наводите.

Владиниот портпарол Габриел Атал за телевизијата ЛЦИ изјави дека официјални лица со месеци ги испитувале извештаите за тајните ресторани и дека биле идентификувани околу 200 лица кои ќе бидат казнети.

„Министрите во владата се должни да бидат беспрекорни и да бидат пример за другите“, рече Атал.

Обвинителството денес објави дека истрагата продолжува и покрај фактот дека човекот, кој зборуваше на видеото, ја повлече изјавата.

Рестораните во Франција се затворени од октомври со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, а на сила е ново делумно затворање на земјата, бидејќи единиците за интензивна нега се преполни со пациенти заболени од Ковид-19.

 

Можете да прочитате

Новогодишна ноќ се претвори во хорор: Експлозија и пожар со десетици жртви во Швајцарија

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин