Утрински Весник
Свет

Француски министер: Состојбата со коронавирусот може да се подобри за 4 до 6 недели

Француски министер: Состојбата со коронавирусот може да се подобри за 4 до 6 недели

Ситуацијата со Ковид-19 во Франција може да се подобри во следните четири до шест недели, кога ќе се вакцинираат повеќе луѓе, што може да доведе до постепено враќање во нормален живот, рече францускиот министер за здравство Оливие Веран.

Тој за телевизијата БФМ изјави дека Франција прави сè што може за да спречи нов национален карантин, иако владата ги држи отворени сите можности.

Владата засега ја поштеди од затворање зоната на Париз за време на викенд и вети дека ќе го забрза спроведувањето на вакцинациите на околу 20 зони со висок ризик во обид да го намали притисокот врз болниците и да спречи понатамошни ограничувања.

Веран исто така рече дека Франција може да ја блокира испораката на вакцини во странство, слично на мерката што ја презема Италија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Претседателот на Боцвана прогласи вонредна состојба во јавното здравство поради недостиг на лекови и медицинска опрема

Трамп: Кина мора да ги снабдува САД со магнети или ќе се соочи со царини од 200 отсто

Големиот пожар во пристаништето во Хамбург е изгаснат